Бришење на издавачот Скопски пазар АД Скопје од „Листата за набљудување“
среда, 31 март 2021

Ве известуваме дека на 31.03.2021 година Берзата изврши бришење на издавачот Скопски пазар АД Скопје од „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, поради тоа што е завршена јавната понуда за преземање на друштвото од страна на преземачите Современ дом АД Прилеп и ЗСФ-КОМ ДООЕЛ Скопје. 

Скопски пазар АД Скопје беше внесен на 14.01.2021 година на „Листата на набљудување“ согласно 61-а од Правилата за котација, поради објавена јавна понуда за преземање на друштвото од страна на преземачите Современ дом АД Прилеп и ЗСФ-КОМ ДООЕЛ Скопје.