Kомерцијална банка, Aлкалоид и НЛБ Тутунска банка добитници на наградата Кристално ѕвоно за 2015 година
четврток, 31 март 2016

Во рамките на „Годишната конференцијата на Македонска берза АД Скопје„ што се одржа на 29 март 2016 година во хотел Александар Палас- Скопје, Македонската берза по девети пат ја додели наградата „Кристално ѕвоно„ за најтранспарентно котирано акционерско друштво. И оваа година беа доделени награди на три друштва кои од вкупно котираните 113 акционерски друштва на Македонската берза АД Скопје беа оценети како најтранспарентни во 2015 година.

Согласно оценките на Изборната комисија за најтранспарентни котирани друштва на Македонската берза за 2015 година се избраа:
I место КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ
II место АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ
III место НЛБ Тутунска банка АД СКОПЈЕ 


                 Од доделувањето на наградата „Кристално ѕвоно„ на Комерцијална банка  АД Скопје, Aлкалоид АД Скопје и НЛБ Тутунска банкаАД Скопје


Извештајот за изборот на најтранспарентни котирани акционерски друштва на Македонска берза АД Скопје во 2015 година во кој се содржани методологијата на изборот, како и добиените оценки од сите целни групи по категории, можете да го преземете на следниов линк.