Одборот на директори на Берзата на својата седница одржана на ден 24.12.2009 година донесе Одлука бр.02-2535/1 за трајно исклучување од членство во Берзата на членката Публикум АД Скопје.
Со трајното исклучување од членство, членката Публикум АД Скопје го губи статусот и правата на членка на Берзата, додека правата на другите членки кон членката Публикум АД Скопје кои се стекнати пред нејзиното исклучување, како и правата на Берзата по однос на нерегулираните финансиски обврски на Публикум АД Скопје, остануваат во сила.