Согласно Решението бр.08-3730/8 од 19.12.2008 година на Комисијата за хартии од вредност со кое е изречена мерка привремена забрана на брокерската куќа Битола Брокер АД Битола за вршење на сите услуги со хартии од вредност за кои има добиено согласност, Главниот Извршен директор на Македонска берза АД Скопје на ден 30.12.2008 година донесе Одлука за привремено исклучување од членство во Берзата на членката Битола Брокер АД Биотла во времетраење од 30 работни дена од денот на донесувањето на Одлуката, односно до денот на траење на изречената мерка привремена забрана за вршење на услуги со хартии од вредност од страна на Комисијата за хартии од вредност.
Привремено исклучување од членство во Берзата на членката Битола Брокер АД Битола
среда, 31 декември 2008