Демант од Комерцијална банка АД Скопје
среда, 31 декември 2003
Во врска со информациите за продажба на пакет акции од Комерцијална банка АД Скопје на Банката на Австрија, Комерцијална банка до Македонската Берза достави демант. Во демантот, меѓу другото, е наведено дека во изминатиот период не се водени никакви разговори за продавање на Комерцијална банка на Банката на Австрија, ниту пак Владата на РМ можела да се јави во улога на преговарач за продажба на 49% од акциите на банката во случај кога државниот и јавниот сектор во капиталот на Банката учествува со помалку од 14%. Оттаму, информациите изнесени во текстот на дневниот весник Дневник Комерцијална банка АД Скопје ги оценува како шпекулација.
Воедно, Комерцијална банка наведува дека од пред четири години Управниот одбор на Банката има усвоено долгорочна стратегија со можност за продажба на контролниот пакет на акции на Банката, доколку како инвеститор се јави една од најдобрите 20 банки во Европа.