На седницата одржана на 30.01.2024 година, Одборот на директори на Македонска берза донесе Одлука за исклучување од котација на Перпетуални обврзници - прва емисија издадени од Уни Банка АД Скопје, со ИСИН MKBLBA200011 и шифра на тргување UNIPO, котирани на Официјалниот пазар на Македонска берза АД Скопје, на подсегментот Берзанска котација, по поднесено барање на издавачот врз основа на одлука од собранието на акционери. Со одлуката од собранието на акционери Уни Банка АД Скопје ја искористи опцијата за откуп и повлекување на целата емисија на обврзници.
Перпетуалните обврзници - прва емисија издадени од Уни Банка АД Скопје се исклучуваат од котација на 31.01.2024 година.