Нови 9 котации
петок, 31 јануари 2003
Одборот на директори на својата седница одржана на 31.01.2003 година донесе Одлука за котација на Официјалниот Пазар на Македонската берза АД Скопје на следниве акционерски друштва:1. Металец АД Прилеп- Основна главнина од 2.599.700 ЕВРА- 23.851 обични акции и 2.146 приоритетни акции по номинална вредност од 100 ДЕМ.2. Бетон АД Битола - Основна главнина од 2.336.065 ЕВРА- 8.339 обични акции и 799 приоритетни акции по номинална вредност од 225,627 ЕВРА.3. Авиоимпекс АД Скопје - Основна главнина од 5.109.100 ЕВРА- 52.446 обични акции и 49.716 приоритетни акции по номинална вредност од 50 ЕВРА.4. Алгрета АД Ресен- Основна главнина од 635.473 ЕВРА- 11.182 обични акции и 1.249 приоритетни акции по номинална вредност од 51,12 ЕВРА.5. Охис АД Скопје Основна главнина од 47.446.535 ЕВРА -859.487 обични акции и 68.487 приоритетни акции по номинална вредност од 51,129 ЕВРА.6. Шик Јелак АД Тетово- Основна главнина од 7.792.000 ДЕМ- 77.920 обични акции по номинална вредност од 100 ДЕМ.7. Раде Кончар-Апаратна техника АД Скопје Основна главнина од 5.056.725 ЕВРА-188.167 обични акции и 14.102 приоритетни акции по номинална вредност од 25 ЕВРА.8. Печатница 11 Октомври АД Прилеп- Основна главнина од 1.600.000 ЕВРА-31.367 обични акции и 633 приоритетни акции по номинална вредност од 50 ЕВРА.9. Отекс АД Охрид- Основна главнина од 948.636.576,00 денари- 474.416 обични акции и 14.320 приоритетни акции по номинална вредност од 1.941,00 денари.Со овие акции на Официјалниот Пазар на Македонската берза АД Скопје ќе се тргува од 06.02.2003 година.