Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе Одлука за изрекување на јавна опомена на друштвото Агромеханика АД Скопје преку интернет страницата на Берзата, друштво котирано на Официјалниот пазар на подсегментот Задолжителна котација, поради тоа што друштвото не објави ревидирани финансиски извештаи за 2022 година (Извештај на независниот ревизор, Биланс на состојба, Биланс на успех, Извештај за паричните текови, Извештај за промените во капиталот и Белешки кон финансиските извештаи) заедно со годишниот извештај за работењето за 2022 година, усвоени од Собранието на акционери на друштвото во пропишаниот рок со Правилата за котација, со што не постапи согласно член 40, точка 1 од Правилата за котација.
Јавна опомена за котираното друштво Агромеханика АД Скопје
среда, 30 август 2023