Ве известуваме дека на 02.09.2021 година (Четврток), на барање на членката Комерцијална Банка АД Скопје, по пат на јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции (согласно Анекс 4 од Правилата за тргување на Македонска берза АД Скопје), од страна на продавачот Еуростандард банка АД Скопје-во стечај ќе се понудат за продажба следните пакети акции:
- 8.152 обични акции издадени од Гранит АД Скопје што претставува 0,27% од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 1.250,00 денари по акција преку моделот “се или ништо“.
- 235 обични акции издадени од Макпетрол АД Скопје што претставува 0,21% од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 82.000,00 денари по акција преку моделот “се или ништо“.
- 160 обични акции издадени од Реплек АД Скопје што претставува 0,62% од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 105.000,00 денари по акција преку моделот “се или ништо“.
- 276 обични акции издадени од Македонска Берза АД Скопје што претставува 9,89% од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 61.526,00 денари по акција преку моделот “се или ништо“.
- 890 обични акции издадени од Централен Депозитар за хартии од вредност АД Скопје што претставува 14,83% од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 15.000,00 денари по акција преку моделот “на парче“.
- 632 обични акции издадени од КИБС АД Скопје што претставува 2,59% од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 15.000,00 денари по акција преку моделот “на парче“.