Ве известуваме дека на 27.05.2022 година Одборот на директори на Берзата донесе заклучок за внесување на издавачите Герас Цунев Конфекција АД Струмица и Герас Цунев Трговија АД Струмица на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.
Внесување на друштвата Герас Цунев Конфекција АД Струмица и Герас Цунев Трговија АД Струмица на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради тоа што е донесена одлука од собрание на акционери за преобразба на друштвата од А.Д. во Д.О.О..