Акциите на шест друштва исклучени од котација
вторник, 30 декември 2003
Одборот на директори на Македонската Берза на седницата одржана на 29.12.2003 година, согласно член 13.12 и член 13.13 од Правилникот за котација на хартии од вредност на Македонската Берза, донесе Одлуки за исклучување од котација на акциите на:
- Авиоимпекс АД Скопје,
- Бетон Битола АД Битола,
- Табак АД Охрид,
- Пролукс АД Прилеп,
- Тутун АД Скопје и
- Виор-ростфреи АД Охрид.
Акциите на овие друштва ќе бидат исклучени од котација од 05.01.2004 година. Од тој датум со акциите на Авиоимпекс АД Скопје, Бетон Битола АД Битола, Табак АД Охрид, Пролукс АД Прилеп, Тутун АД Скопје и Виор-ростфреи АД Охрид ќе може да се тргува на неофицијалниот пазар на Берзата.