Одборот на директори на Македонската берза на седницата одржана на 27.04.2011 година донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од Лотарија на Македонија АД Скопје.
Акциите издадени од Лотарија на Македонија АД Скопје се исклучуват од котација на Официјалниот пазар на Македонската берза, на барање на издавачот, согласно Одлуката на Собранието на акционери на друштвото.
Акциите издадени од Лотарија на Македонија АД Скопје ќе бидат префрлени на Редовниот пазар на Македонската берза на подсегментот Пазар на акционерски друштва со посебни обврски за известување почнувајќи од 04.05.2011 година (Среда).