Алкалоид, Комерцијална банка и Македонски Телеком добитници на наградата „Кристално ѕвоно„ за 2013 година
четврток, 29 мај 2014
Во рамките на „Конференцијата на македонскиот пазар на хартии од вредност„ што се одржа на 16 мај 2014 година во Скопје, Македонската берза по седми пат ја додели наградата „Кристално ѕвоно„ за најтранспарентно котирано акционерско друштво. Оваа година за прв пат беа доделени награди на три друштва кои од вкупно котираните 116 акционерски друштва на Македонската берза АД Скопје беа оценети како најтранспарентни во 2013 година. 

Согласно оценките на Изборната комисија за најтранспарентни котирани друштва на Македонската берза за 2013 година се избраа:
I место АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ
II место КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ
III место МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД СКОПЈЕ

    
        Од доделувањето на наградата „Кристално ѕвоно„ на Алкалоид АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и Македонски Телеком АД Скопје

Извештајот за изборот на најтранспарентни котирани акционерски друштва на Македонска берза АД Скопје во 2013 година во кој се содржани методологијата на изборот, како и добиените оценки од сите целни групи по категории, можете да го преземете на следниов линк.