Организирање јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции
вторник, 29 мај 2012
Ве известуваме дека на 12.06.2012 година (Вторник), на барање на членката НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, по пат на јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции (согласно Анекс 4 од Правилата за тргување на Македонска берза АД Скопје), ќе се понуди за продажба пакет од 74.000 акции издадени од Топлификација АД Скопје што претставува 16,44% од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 3.079 денари по акција преку моделот “се или ништо“.