Врз основа на член 19 од Правилата за членство на Македонска берза АД Скопје и согласно Решението бр.УП1 08-188на Комисијата за хартии од вредност од 16.05.2012 година со кое трајно се одзема дозволата за работа на брокерската куќа Бро-Дил АД Скопје, Одборот на директори на Берзата донесе Одлука за трајно исклучување од членство во Берзата на членката Бро-Дил АД Скопје. Оваа одлука ќе се применува од 29.05.2012 година.
Со трајното исклучување од членство, членката Бро-Дил АД Скопје го губи статусот и правата на членка на Берзата, додека правата на другите членки кон Бро-Дил АД Скопје кои се стекнати пред нејзиното исклучување, како и правата на Берзата по однос на нерегулираните финансиски обврски на Бро-Дил АД Скопје, остануваат во сила.
Трајно исклучување од членство во Берзата на членката Бро-Дил АД Скопје
вторник, 29 мај 2012