Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
четврток, 29 мај 2008
Согласно точка 6.03 од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:

На 28.05.2008 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на:
-60 сопствени обични акции по цена од 7.000 денари за една акција, преку 2 трансакции;


Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 28.05.2008 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-РЖ Институт АД Скопје – 9 обични акции;
-РЖ Економика АД Скопје – 34 обични акции;
-Макстил АД Скопје – 807 обични акции;
-Тетекс АД Тетово – 46 обични акции;
-РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 36 обични акции;
-РЖ Услуги АД Скопје – 297 обични акции.