Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на друштвата Интернешнел Хотелс АД Скопје и ДС Смитх АД Скопје, котирани на Официјалниот пазар на подсегментот Задолжителна котација на Македонска берза АД Скопје, поради необјавување на ревидирани финансиски извештаи за 2022 година (Извештај на независниот ревизор, Биланс на состојба, Биланс на успех, Извештај за паричните текови, Извештај за промените во капиталот и Белешки кон финансиските извештаи) заедно со годишниот извештај за работењето за 2022 година, усвоени од Собранието на акционери на друштвото во пропишаниот рок со Правилата за котација, со што не постапија согласно член 40, точка 1 од Правилата за котација.
Јавна опомена за котираните друштвa Интернешнел Хотелс АД Скопје и ДС Смитх АД Скопје
петок, 28 јули 2023