Согласно точка 6.03 од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 27.10.2008 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на:
- 450 сопствени обични акции по цена од 5.020 денари за една акција, преку 5 трансакции;
- 100 сопствена обична акција по цена од 5.040 денари за една акција, преку 1трансакција;
- 110 сопствени обични акции по цена од 5.050 денари за една акција, преку 2 трансакции;
- 151 сопствена обична акција по цена од 5.100 денари за една акција, преку 1трансакција;
На 27.10.2008 година Витаминка АД Прилеп изврши откуп на:
- 63сопствени обични акции по цена од 7.600 денари за една акција, преку 2трансакции;
На 27.10.2008 година Скопски Пазар АД Скопје изврши откуп на:
- 30 сопствени обични акции по цена од 18.500 денари за една акција, преку 4 трансакции;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 27.10.2008година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- ТТК банка АД Скопје – 2 oбични акции,
- Тутунски комбинат АД Прилеп – 114 oбични акции.