На седницата одржана на 29.05.2017 година Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на котираното друштво РЖ Интер-трансшпед АД Скопје. Мерката се изрекува заради заради необјавување на неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-31.03.2017 најдоцна до 15.05.2017 година.
Имајќи ги предвид надлежностите на Одборот на директори за спроведување на актите на Берзата, како и постојаните обврски на котираните друштва за известување согласно Правилата за котација, Одборот на директори на Берзата одлучи да постапи согласно член 51 став 1, алинеја 2 од Правилата за котација на Берзата и на друштвото РЖ Интер-трансшпед АД Скопје да му изрече мерка јавна опомена преку интернет страницата на Берзата
Јавна опомена за котираното друштво РЖ Интер-трансшпед АД Скопје
вторник, 27 јуни 2017