На седницата одржана на 29.05.2017 година Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на котираното друштво Бетон АД Штип. Мерката се изрекува заради заради необјавување на содржината на донесените одлуки на Собранието на акционери на друштвото најдоцна до почетокот на тргувањето на следниот ден на тргување после денот на нивното донесување.
Имајќи ги предвид надлежностите на Одборот на директори за спроведување на актите на Берзата, како и постојаните обврски на котираните друштва за известување согласно Правилата за котација, Одборот на директори на Берзата одлучи да постапи согласно член 51 став 1, алинеја 2 од Правилата за котација на Берзата и на друштвото Бетон АД Штип да му изрече мерка јавна опомена преку интернет страницата на Берзата.
Јавна опомена за котираното друштво Бетон АД Штип
вторник, 27 јуни 2017