Тргувањето со акците издадени од Маврово АДГ Скопје времено се прекинува на 27.03.2009 година, во очекување на објавување на ценовно чуствителна информација.
Имајќи ги предвид информациите и изјавите кои се појавија во медиумите во врска со евентуалното отварање на стечајна постапка врз котираното друштво Маврово АДГ Скопје од страна на мнозинскиот акционер Ингра д.д. Загреб, Р. Хрватска, Македонската берза на 26.03.2009 година побара од Маврово АДГ Скопје да објави известување во врска со објавените информации, најдоцна до 15:30 часот истиот ден. Маврово АДГ Скопје до наведениот рок не објави известување, по што Берзата, со цел заштита на интегритетот на пазарот на хартии од вредност и овозможување на еднаква положба на сите учесници на пазарот на хартии од вредност, донесе Одлука привремено да го прекине тргувањето со акциите издадени од Маврово АДГ Скопје.
Берзата дополнително ќе извести за продолжувањето на тргувањето со акциите издадени од Маврово АДГ Скопје.