Исклучување од котација на акциите издадени од Трансбалкан АД Гевгелија
вторник, 26 април 2016
Одборот на директори на Македонската берза на седницата одржана на 25.04.2016 година донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од Трансбалкан АД Гевгелија, заради отворена стечајна постапка врз друштвото.

Акциите издадени од Трансбалкан АД Гевгелија ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на Берзата почнувајќи од 27.04.2016 година (Среда).