Врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 25.02.2020 година Макпетрол АД Скопје изврши откуп на:
- 292 сопствени обични акции по цена од 77.000,00 денари за една акција, преку една системска блок трансакција;
- 15 сопствени обични акции по цена од 76.497,00 денари за една акција, преку 3 трансакции;
На 25.02.2020 година Интерпромет АД Тетово изврши откуп на 3 сопствени обични акции по цена од 1.500,00 денари за една акција, преку една трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 25.02.2020 година е извршен следниот нетрговски трансфер на акции на котирани друштва:
- УГОТУР АД Скопје – 28 обични акции
- РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 27 обични акции
- РЖ Техничка контрола АД Скопје – 1.360 обични акции
- Комерцијална Банка АД Скопје – 12 обични акции
- Макстил АД Скопје – 591 обични акции