Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе Одлука за изрекување на јавна опомена на друштвото ГТЦ АД Скопје преку интернет страницата на Берзата, друштво котирано на Официјалниот пазар на подсегментот Задолжителна котација, поради тоа што друштвото не ги објави целосните материјали за собрание на акционери и поради необјавување на пропишаните одлуки донесени на собрание на акционери во пропишаниот рок со Правилата за котација, со што не постапи согласно член 39, став 5 и 7 од Правилата за котација.
Јавна опомена за котираното друштво ГТЦ АД Скопје
четврток, 26 октомври 2023