Известување од Адинг АД Скопје
среда, 26 октомври 2005
Адинг АД Скопје известува дека на 16.11.2005 година со почеток во 14:00 часот, во административната зграда во Скопје на ул. Новоселски пат бб ќе се одржи седница на Собранието на акционери на Друштвото, со следниот Дневен ред:
1.Избор на претседавач на собрание
2.Зголемување на основната главнина со средства на друштвото преку зголемување на номиналната вредност на издадените акции, со измена на статут.
3.Определување на висината на наградата на членовите на Надзорниот одбор на друштвото.
4.Определување на висината на одобреното у чество на членовите на Управен одбор во добивката на друштвото.
Акционерите кои сакаат да земат учество на собранието треба да се пријават најдоцна пред почетокот на седницата на собранието. Пријавувањето се врши писмено, со доставување во архивата на друштвото или препорачано по пошта. Пријавата доставена по пошта мора да пристигне во друштвото најдоцна пред почетокот на седницата на собранието и да биде уредно потпишана.
Акционерот може со писмено полномошно заверено кај нотар да именува лице кое ќе го застапува на собранието.
Во пријавата за учество на собранието, акционерот наведува дали ќе учествува и гласа на собранието лично или преку полномошник.
Материјалите за седницата на собранието можат да се разгледуваат во архивата на друштвото секој работен ден до 1500h.