Согласно точка 6.03 од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 24.06.2008 година Скопски Пазар АД Скопје изврши откуп на:
-136 сопствени обични акции по цена од 35.000 денари за една акција, преку 12 трансакции;
-7 сопствени обични акции по цена од 35.001 денар за една акција, преку 1 трансакција;
На 24.06.2008 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на:
-54 сопствени обични акции по цена од 6.400 денари за една акција, преку 1 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 24.06.2008 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- РЖ Економика АД Скопје – 10 обични акции,
- РЖ Институт АД Скопје – 2 обични акции,
- РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 11 обични акции,
- Макстил АД Скопје – 243 обични акции,
- РЖ Услуги АД Скопје – 89 обични акции,
- ВВ Тиквеш АД Скопје – 113 обични акции,
- Алкалоид АД Скопје – 23 обични акции,
- АДГ Маврово Скопје – 24 обични акции.
Oткуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
среда, 25 јуни 2008