На седницата одржана на 18.10.2019 година, Одборот на директори на Македонска берза донесе Одлука за котација на корпоративни обврзници издадени од ТТК Банка АД Скопје на Официјалниот пазар на Македонска берза АД Скопје, на подсегментот Берзанска котација.
Карактеристиките на овој финансиски инструмент се следни:
• Вид на хартија од вредност: корпоративни, преносливи, субординирани, необезбедени, обврзници, со фиксна каматна стапка. Издадениот капитален инструмент ќе се користи како дополнителен капитал на Банката
• Број на издадени хв: 1.500
• Номинална вредност на една хв: 1.000 ЕУР
• Вкупна номинална вредност на емисијата: 1,5 милиони ЕУР
• Датум на издавање: 18.09.2019 година
• Датум на достасување: 18.12.2024 година
• Каматна стапка: Фиксна годишна камата од 3,5% за целиот период. Каматата се исплаќа годишно, на 18.09. секоја година почнувајќи од 18.09.2020 година. Каматата се пресметува во евра, а се исплаќа во денари
• Правна положба (субординираност) на хв: Обврзниците се необезбедени и субординирани обврски во однос на обврките на Банката кон останатите депоненти и доверители и не подлежат на каков било договор, правен акт или правно дејствие што го намалува степенот на субординација.
• Куповна опција/Откуп: Обврските врз основа на корпоративните обврзници не можат да бидат откупени или привремено отплатени, освен во случај на стечај или ликвидација на Банката кога отплатата ќе се врши според важечката законска регулатива која ги регулира состојбите на стечај или ликвидација.
• Шифра на тргување: TTKO
• ISIN: MKTTKS200012
• Датум на котација и прв ден на тргување: 28.10.2019 година
• Режим на тргување: Аукциско тргување, Трета група
Имајќи го предвид наведеното, како и при секое вложување во хартии од вредност, потребно е инвеститорите темелно да се информираат за карактеристиките на финансискиот инструмент преку увид и анализа на проспектот за котација, како и преку следење на сите известувања кои издавачот во иднина ќе ги објавува преку системот на Берзата за електронско известување од котираните друштва СЕИ-Нет.