НОВ УЧЕСНИК
четврток, 24 април 2003
Одборот на директори на својата седница одржана на 23.04.2003 година донесе Одлука за прием на Еуро Брокер АД Скопје за учесник во тргувањето на Македонската берза АД Скопје. Еуро Брокер АД Скопје ќе почне да тргува по остварувањето на условите и законските обврски на Македонската берза.