Котирање на обврзниците за денационализација-втора емисија
понеделник, 24 март 2003
Одборот на директори на Македонската Берза на својата седница одржана на 24.03.2003 година ја донесе следнатаО Д Л У К Аза котирање на обврзниците за денационализација – Втора емисија издадени од Република Македонија1. Се одобрува котација на Обврзниците за денационализација – Втора емисија издадени од Република Македонија на Официјалниот Пазар на Македонската Берза на долгорочни хартии од вредност АД Скопје.2. Котираните хартии од вредност ги имаат следните карактеристики:- вид на хартијата од вредност:обврзници за денационализација – Втора емисија, издадени како дематеријализирана хартија од вредност кои гласат на име и се неограничено преносливи - издавач: Република Македонија - шифра:РМДЕН02 - номинална вредност: номиналната вредност на обврзницата за денационализација е износот кој барателот по основ денационализација го добива како обештетување,изразенивоЕВРО - вкупен износ на емисијата: 38.100.000 ЕВРА. 3. Тргувањето со обврзниците ќе отпочне на 27.03.2003 година.4. Одлуката стапува восила со денот на донесувањето.