На 23.12.2008 година се одржа Собрание на акционери на Македонската берза АД Скопје на чиј дневен ред беше избор на членови на Одборот на директори на Берзата.
Во однос на претходниот состав на Одборот, Собранието на акционери на Берзата избра три нови членови: Соња Николовска, Ѓорѓи Палевски и Михајло Брова Зиков.
По одржување на седницата на Собранието на акционери на Берзата се одржа седница на новиот Одбор, при што се донесоа соодветни одлуки за негово конституирање. Со ова Одборот на директори на Берзата во наредните 4 години ќе работи во следниот состав:
1. Кирил Митровски, Директор – Инвест Брокер АД Скопје
2. Соња Николовска, Советник на Управниот одбор – Стопанска банка АД Скопје
3. Ѓорѓи Палевски, Извршен директор – Поштел брокер АД Скопје
4. Михајло Брова Зиков, Директор – Дирекција за вршење услуги со ХВ при Комерцијална банка АД Скопје
5. Горан Анастасовски, Прв генерален директор – Клириншка куќа КИБС АД Скопје (независен член)
6. Проф. Д-р Јане Миљовски, Ректор на New York College (независен член)
7. Кристијан Поленак, Управувачки партнер – Адвокатско Друштво Поленак (независен член)
8. Иван Штериев, Главен извршен директор – Македонска берза АД Скопје (извршен член)
9. Елена Јакимовска Петровска, Извршен директор – Македонска берза АД Скопје (извршен член)
За претседател на Одборот на директори на Берзата е избран Кристијан Поленак.
Новоизбраниот Одбор на директори на Македонската берза ќе ги продолжи заложбите во насока на понатамошен развој на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија врз основа на принципите на континуитет, ефикасност, сигурност и транспарентност.