Јавна понуда од Тетекс АД Тетово
среда, 24 декември 2003
Согласно Законот за преземање на акционерски друштва, Волнарскиот комбинат Тодор Циповски Мерџан-Тетекс АД Тетово објави понуда за откуп на обични акции издадени од Тетовска банка АД Тетово. Датум на отпочнување на понудата за откуп е 23.12.2003, а датум на завршување на истата е 21.01.2004 година. Понудената цена за откуп на акциите е 1.200 денари за една акција. Понудата за откуп на акциите на Тетовска банка АД Тетово од страна на Тетекс АД Тетово, како и Проспектот за понудата се објавени и на веб-страната на Македонската Берза, во делот за понуди за откуп-преземања.