Скопски Пазар АД Скопје известува
понеделник, 24 октомври 2005
Скопски пазар АД Скопје известува дека на 13.11.2005 година (недела) со почеток во 10:00 часот, во просториите на ресторан “14“ на ул. “Лондонска“ бб ќе се одржи седница на Собранието на акционери на Друштвото, со следниот Дневен ред:
1.Процедурален дел (кворум, избор на претседавач, бројач на гласови, нотар како записничар);
2.Одлука за конверзија на обични во приоритетни акции без право на глас.
Собранието ќе одлучува само за прашања кои се уредно ставени на дневен ред, согласно Законот за трговски друштва.
Право на учество во работата и право на глас во Собранието има секој акционер лично или од него овластено лице кое ќе го застапува на Собранието, со писмено полномошно заверено кај нотар, кое се издава за сите акции.
Акционерот е должен личното присуство да го најави најдоцна до пред почетокот на седницата на Собранието заради верификација.
Овластените претставници на акционерите се должни полномошното да го достават најдоцна до пред почетокот на одржувањето на Собранието, до Дирекцијата на Друштвото, Сектор за заеднички услуги (канцеларија бр.211), заради евидентирање во списокот на присутни и бројот на гласовите кои по основа на акциите му припаѓаат на секој акционер.