Ве известуваме дека на 28.02.2024 година (Среда) и 29.02.2024 година (Четврток), на барање на членката Комерцијална Банка АД Скопје, по пат на јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции (согласно Анекс 4 од Правилата за тргување на Македонска берза АД Скопје) од страна на продавачот Топлификација АД Скопје-во стечај ќе се понудат за продажба два пакети акции и тоа:
- на 28.02.2024 година (Среда) ќе се понудат за продажба 25 обични акции издадени од ТЕ-ТО АД Скопје што претставува 10,00% од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 39.871.715,00 денари по акција преку моделот “се или ништо“.
- на 29.02.2024 година (Четврток) ќе се понудат за продажба 2 обични акции издадени од ТЕ-ТО АД Скопје што претставува 0,80% од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 39.871.715,00 денари по акција преку моделот “се или ништо“.