Предлог -Одлука за исплата на дивиденда и дивиденден календар на Алкалоид АД Скопје
вторник, 22 април 2003
Согласно Договорот за котација, Алкалоид АД Скопје ја доставува Предлог-Одлуката за утврдување на датум при исплата на дивиденда за 2002 година, според која нето дивидендата се исплатува во износ од 70,5 денари по акција или 4,5% од номиналната вредност на акциите.
Собранието на акционери на Алкалоид АД Скопје ќе се одржи на ден 30.04.2003 година.
Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2002 година е 08.05.2003 година.
Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2002 година е 12.05.2003 година.
Датум на пресек на акционерска книга е 13.05.2003 година.
Исплатата на дивиденда за 2002 година ќе се изврши во законскиот рок до 30.09.2003 година.