Известување од ЗК Пелагонија АД Битола
вторник, 22 март 2005
ЗК Пелагонија известува дека седницата на годишното Собрание на акционери на друштвото ќе се одржи на 30.03.2005 година (среда) со почеток во 12:00 часот, во просториите на ЗК Пелагонија АД Битола, ПЕ Рибарство (Бел камен), со следниот Дневен ред:
I. Процедурален дел
1. Отворање на Собранието;
2. Избор на претседавач на Собранието;
3. Избор на Верификациона комисија.
II. Работен дел
- Утврдување на дневниот ред од работниот дел;
- Усвојување на Записникот од седницата на Собранието на акционери на ЗК Пелагонија АД Битола одржана на ден 01.10.2004 година.
1. Разгледување и одобрување на:
- Годишната сметка и финансиските извештаи на ЗК Пелагонија АД Битола за деловната 2004 година и одлучување за распределба на добивката;
- Годишниот извештај за работата на ЗК Пелагонија АД Битола за деловната 2004 година;
- Извештајот за работата на Одборот на директори на ЗК Пелагонија АД битола и одлучување за одобрување на работата на истиот за деловната 2004 година;
- Извештајот за извршената ревизија на Годишната сметка на ЗК Пелагонија АД Битола за 2004 година од овластениот ревизор.
2. Донесување одлука за назначување на ревизор за ревизија на годишната сметка и финансиските извештаи на ЗК Пелагонија АД Битола за 2005 година.
3. Разгледување на Предлог-Одлуката за измена на Статутот на ЗК Пелагонија АД Битола бр.01-57 од 18.01.2002 година, донесена од Одборот на директори на ЗК Пелагонија АД Битола и донесување на одлука за измена на Статутот на ЗК Пелагонија АД Битола.
4. Отповикување и избор на членови на Одборот на директори на ЗК Пелагонија АД Битола.
Воедно, ЗК Пелагонија АД Битола известува дека до Собранието на акционери се предлага остварената добивка по годишната сметка за 2004 година целосно да се намени за покривање на загубите од претходни години.