Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
петок, 22 февруари 2008
Согласно точка 6.03 од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
 
На 21.02.2008 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на:
- 21 сопствена обична акција по цена од 8.000 денари за една акција, преку 2 трансакции;
 
На 21.02.2008 година Скопски Пазар АД Скопје изврши откуп на:
- 10 сопствени обични акции по цена од 49.995 денари за една акција, преку 2 трансакции;
- 10 сопствени обични акции по цена од 49.500 денари за една акција, преку 1 трансакција;
- 3 сопствени обични акции по цена од 49.990 денари за една акција, преку 1 трансакција;
- 427 сопствени обични акции по цена од 49.998 денари за една акција, преку 2 трансакции;
 
 
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 21.02.2008 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- РЖ Економика АД Скопје – 46 oбични акции;
- Макстил АД Скопје – 1.075 oбични акции;
- РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 48 oбични акции;
- РЖ Услуги АД Скопје- 183 oбични акции;
- Жито Лукс АД Скопје – 298 oбични акции;
- РЖ Институт АД Скопје – 6 oбични акции.