Котација и проширување на котацијата на државни обврзници
понеделник, 22 ноември 2021

Ве известуваме дека согласно барање од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од 23.11.2021 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики:

Вид на хв: државни обврзници со девизна клаузула
Вредност на емисијата: 415.000.000,00 МКД
Број на издадени хв: 41.500
Номинална вредност на една обврзница: 10.000 МКД
Датум на издавање: 18.11.2021
Датум на достасување: 18.11.2036
Каматна стапка: 2,20%
Шифра на тргување: M181136D
ИСИН: MKMINF20GX09

Се проширува котацијата на емисијата на државните обврзници со ИСИН број MKMINF20GW91 која првично беше котирана на 19.10.2021 година со издадени  73.920 обврзници во вредност од 739.200.000,00 МКД, после што емисијата на овие државни обврзници ги има следниве карактеристики: 

 Шифра на тргување: M141036
 ИСИН: MKMINF20GW91
 Број на новоиздадени хв: 108.546
 Вкупен број на изададени хв: 182.466