Ве известуваме дека на 27.09.2011 година (Вторник) по пат на јавна берзанска аукцијa на акции при продажба на големи пакети на акции (согласно Анекс 4 од Правилата за тргување на Македонска берза АД Скопје), ќе се понуди за продажба пакет од 30.000 акции издадени од Европа АД Скопје што претставува 11,74% од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 3.145 денари по акција преку моделот “се или ништо“.
Организирање јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции
среда, 21 септември 2011