Соопштение во врска со примена на Одлуката за измени и дополнувања на Правилата за тргување
понеделник, 21 јули 2008

Македонската берза АД Скопје ја известува јавноста дека почнувајќи од 24.07.2008 година ќе се применува Одлуката за измени и дополнувања на Правилата за тргување на Македонската Берза АД Скопје донесена на 24.12.2007 година, за која е добиена согласност од Комисијата за хартии од вредност со Решение бр. 08-218/3 од 09.06.2008 година. Со оваа Одлука направени се следните измени:

  • извршено е вградување на концептот на МПК (минимална прифатлива количина) и базна цена во Правилата за тргување, без промена во вредноста на факторите N, M, k1 и k2. 
     
  • извршена е промена во критериумот за премин на одредена хартија од вредност од режим на континуирано тргување во режим на фиксинг. Имено, доколку за одредена хартија од вредност која што е во режим на континуирано тргување во период од 3 дена не се пробие МПК за таа хартија од вредност, истата четвртиот ден преминува во режим на фиксинг. Критериумот за премин на одредена хартија од вредност од режим на фиксинг во режим на континуирано тргување останува ист. 
  • Направени се и други технички измени во делот на видови сметки на клиенти.