Врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 20.03.2024 година Прилепска Пиварница АД Прилеп изврши откуп на 7 сопствени обични акции по цена од 33.301,00 денар за една акција, преку две трансакции.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 20.03.2024 година е извршен следниот нетрговски трансфер на акции на котирани друштва:
- Комерцијална банка АД Скопје - 86 обични акции
- Макпетрол АД Скопје - 63 обични акции
- Жито Лукс АД Скопје - 238 обични акции
- Тутунски комбинат АД Прилеп - 27 обични акции
- Гранит АД Скопје - 802 обични акции