Известување од Силекс Банка АД Скопје
четврток, 20 мај 2004
Силекс Банка АД Скопје известува дека Собранието на акционери на Банката ќе се одржи на 26.05.2004 година (среда) со почеток во 11 часот, во просториите на Хотел Кратис во Кратово, со следниот Дневен ред:
Процедурален дел:
1. Отварање на Собранието
2. Утврдување на Дневниот ред на Собранието
3. Избор на работно претседателство од 3 члена
4. Избор на записничар и двајца оверувачи на записникот
5. Избор на Верификациона комисија
6. Избор на Кандидациона комисија за предлагање член на Одборот за ревизија
Работен дел:
1. Воведно излагање на Работоводниот орган на Банката
2. Извештај на Верификационата комисија
3. Усвојување на записникот од претходната седница на Собранието одржана на 11.06.2003 година
4. Усвојување на Извештајот за работење на Управниот одбор на Банката за 2003 година со Предлог-Одлука
5. Усвојување на Годишната сметка на Силекс Банка АД Скопје за 2003 година
6. Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за работење на Банката за 2003 година
7. Предлог-Одлука за усвојување на Билансот на приходите и расходите на Банката
8. Усвојување на Извештајот на Одборот за Ревизија – Одлука
9. Предлог-Одлука за утврдување Нето должници на Банката за 2003 година
10. Предлог-Одлука за усвојување Програма на мерки и активности на деловната политика на Банката за 2004 година со финансиски показатели за наредниот период
11. Извештај за извршена економско финансиска ревизија на работењето на Банката за 2003 година и усвојување на истиот
12. Донесување Одлука за избор на Овластен ревизор на Банката за 2004 година
13. Избор на член на Одборот за ревизија на Банката
14. Предлог-Одлука за бришење на член 20 од Статутот на Банката
15. Предлог-Одлука за измена на член 9 од Статутот на Банката
16. Разно