На седницата одржана на 12.07.2021 година Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на друштвото Жито Караорман АД Кичево, котирано на Официјалниот пазар на подсегментот Задолжителна котација на Македонска берза АД Скопје, поради необјавување на целосните материјали за собрание на акционери во рок од два дена од денот на свикување на собранието, со што не постапи согласно член 39 став 5 од Правилата за котација.
Јавна опомена за котираното друштво Жито Караорман АД Кичево
четврток, 19 август 2021