Презентација на Белата книга за Корпоративното управување
четврток, 19 јуни 2003
Белата Книга за Корпоративното Управување за Југоисточна Европа на Организацијата за Економска Соработка и Развој, беше презентирана на на конференција организирана од Македонската Берза и Комисијата за хартии од Вредност, со поддршка на Агенцијата за Развој на Американската Влада, УСАИД.
На Белата Книга се работи веќе две години. Произлегува од тркалезни маси на Корпоративното Управување во Југоисточна Европа, од соработката на експерти и стручњаци од целиот регион кои, се осврнуваат на подобрувањето на нивното работење во практика и на нивните економии, со успешно корпоративно управување.
Потенцирајќи го, целиот доцумент, тоа е свест за тоа дека практиката на корпоративното управување во Југоисточна Европа мора да се подобри ако се очекува развој на ефикасни пазари на капитал и воспоставување на деловна клима во регионот. Ниедна земја не е издвоена за посебен коментар; Македонија треба да се осврне на сите свои практични збиднувања со цел, да привлече инвестиции.
Белата Книга трасира приоритети, клучни за регионот и потоа се осврнува кон пет моменти, кои се меѓународно препознати како клучни, меѓународно признаени за корпоративното управување: акционерски права, права на интересентите, транспарентност и јавност на податоците, одборите на директори и методите на примена.
Белата Книга се залага за тоа дека:
( Надзорните власти ќе зајакнат. Ова е да се обезбеди примена на законите во земјите, меѓу кои и Македонија. Ова ќе опфати зголемување на капацитетите и надлежностите на надзорните власти и зајакнување на правосудниот систем;
( Приватниот сектор се потчинува себеси на успешното корпоративно управување. Ако приватниот сектор не ја превземе одговорноста за успешно корпоративно управување, нема да ги пожнее придобивките, што вклучува подобар пристап кон капиталот и подобрување на успесите на компанијата. Деловната заедница мора да има централно место во изведување на реформите кон успешно корпоративно управување;
( Ќе се развие обука за сите субјекти, инволвирани во корпоративното управување. Дали преку специјализирани организации или преку програми за тренинг на самата компанија, обуката има за цел да ги подобри стандардите на корпоративното управување. Ова ќе овозможи доближување кон меѓународните стандарди и практика.
( Малите акционери ќе бидат заштитени. Злоупотребата на правата на малите акционери, согласно со Белата Книга, е една од најопасните слабости во практиката на корпоративното управување во регионот. Но, заштитата би имала ефекти само преку строг мониторинг и примена преку надзорните органи;
( Улогата на одборите на директори се потенцира. Одборите на директори имаат централна улога во функционирањето на корпоративното управување бидејќи тие се врската помеѓу менаџерите и акционерите. Сепак, во Југоисточна Европа нивната улога е често нејасна или е неприменета. Членовите на одборите имаат потреба од подобро знаење за нивната улога и должности како би имале услови да ја понесат одговорноста;
( Регионот се доближува кон меѓународните стандарди за сметководство, ревизија и јавност на информациите. Со усвојувањето на меѓународните стандарди, информацијата која е јавно објавена ќе биде споредлива низ целиот регион како и пошироко во светот. Јасно е дека ќе биде тешко ова да се достигне но би требало да е политички и финансиски поддржано.
Белата Книга обезбедува 48 препораки кои треба да се земат в предвид од сите интересенти во регионот, во однос на пориоритетните работи, кои оваа книга ги презентира. Конечната препорака е дека ОЕЦД тркалезната маса на корпоративното управување која доведе до изработка на документот, ќе продолжи да се одржува со цел да го поддржи прогресот во целиот регион.
Со тоа што, Македонската Берза и Комисијата за Хартии од Вредност се домаќини на конференцијата во Скопје, се истакнува нивното залагање кон препораките, изложени во Белата Книга. Обете организации знаат дека е потребно време ова да се имплементира но, се надеваат дека овој настан, еден ден ќе го охрабри дијалогот меѓу сите релевантни субјекти значајни за Македонската економија, кој ќе придонесе за реформи и подобрување на Македонската економија.
Македонска берза АД Скопје