На седницата одржана на 27.11.2019 година Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на друштвото Единство АД Струмица, котирано на Официјалниот пазар на подсегментот Задолжителна котација на Македонска берза АД Скопје, поради тоа што материјалите за собрание на акционери (ревидирани финансиски извештаи за 2018 година) ги објави на 07.06.2019 година наместо најдоцна до 30.05.2019 година, не објави образложение кон неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.- 30.06.2019 година, и јавниот повик за свикување Собрание на акционери го објави 08.11.2019 наместо 30 дена пред датумот на одржување на седницата на Собрание на акционери односно најдоцна до 30.10.2019 година.
Јавна опомена за котираното друштво Единство АД Струмица
четврток, 19 декември 2019