Врз основа на член 19 од Правилата за членство на Македонска берза АД Скопје и согласно Решението бр.УП1 08-213 на Комисијата за хартии од вредност донесено на ден 15.10.2012 година со кое трајно се одзема дозволата за работа на брокерската куќа Битола брокер АД Битола, Одборот на директори на Берзата донесе Одлука за трајно исклучување од членство во Берзата на членката Битола брокер АД Битола. Оваа одлука ќе се применува од 19.10.2012 година.
Со трајното исклучување од членство, членката Битола брокер АД Битола го губи статусот и правата на членка на Берзата, додека правата на другите членки кон Битола брокер АД Битолакои се стекнати пред нејзиното исклучување, како и правата на Берзата по однос на нерегулираните финансиски обврски на Битола брокер АД Битола, остануваат во сила.