Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје на седницата одржана на 14.08.2014 година донесе одлука за префрлање на акциите издадени од Топлификација АД Скопје од подсегментот Супер котација на подсегментот Берзанска котација на Официјалниот пазар на Македонската берза, согласно член 51, став 1, алинеа 4 од Правилата за котација.
Одборот на директори на Македонска берза ја донесе одлуката имајќи го предвид степенот во кој Топлификација АД Скопје ги исполнуваше обврските за известување согласно Глава VI „Постојани обврски на издавачот од Правилата за котација на Берзата“.
Акциите издадени од Топлификација АД Скопје ќе бидат префрлени на подсегментот Берзанска котација на Официјалниот пазар на Македонска берза почнувајќи од 20.08.2014 година (среда).