На 17.06.2013 година Комисијата за берзански индекс изврши редовна ревизија на индексите МБИ10 и ОМБ.
Согласно Методологијата за пресметување на индексот МБИ10, Комисијата за берзански индекс определи дека елементи на индексот МБИ10 ќе бидат обичните акции издадени од: Комерцијална банка АД Скопје, Гранит АД Скопје, Алкалоид АД Скопје, Макстил АД Скопје, Стопанска банка АД Битола, Макпетрол АД Скопје, Топлификација АД Скопје, ТТК Банка АД Скопје, Македонијатурист АД Скопје и Реплек АД Скопје.
Согласно Методологијата за пресметување на Индексот на обврзници на Македонската Берза ОМБ, Комисијата за берзански индекс определи дека следните обврзници ќе бидат елементи на ОМБ: Обврзниците за денационализација-Четврта емисија (RMDEN04), Обврзниците за денационализација-Петта емисија (RMDEN05), Обврзниците за денационализација-Шеста емисија (RMDEN06), Обврзниците за денационализација-Седма емисија (RMDEN07), Обврзниците за денационализација-Осма емисија (RMDEN08), Обврзниците за денационализација-Деветта емисија (RMDEN09), Обврзниците за денационализација-Десетта емисија (RMDEN10), Обврзниците за денационализација-Единаесетта емисија (RMDEN11) и Обврзниците за денационализација-Дванаесетта емисија (RMDEN12).
Датум на имплементација на извршената ревизија, односно датумот од кој ќе отпочне да се пресметуваат индексите по новиот состав е 01.07.2013 година.
Следната редовна ревизија на индексите е на 15.12.2013 година.
Имајќи предвид дека во тек е постапката на задолжителна котација при што најголемиот дел од друштвата чии акции се тргуваат на Редовниот пазар на подсегментот Пазар на акционерски друштва со посебни обврски за известување ќе бидат префрлени на новиот подсегмент на Официјалниот пазар – Задолжителна котација, Одборот на директори на Берзата на седницата одржана на 10.06.2013 година донесе Заклучок согласно кој нема да се врши редовна ревизија на индексот МБИД и истиот ќе продолжи да се пресметува со постојниот состав с# до завршувањето на постапката на задолжителна котација, после што ќе се одлучи во врска со продолжувањето на пресметувањето на овој индекс.
Воедно, после завршувањето на постапката на задолжителна котација ќе се разгледа и потребата од измена на Методологијата за индексот МБИ10 и евентуалната потреба од вонредна ревизија на овој индекс, поради новите котирани друштва на подсегментот Задолжителна котација.
Редовна ревизија на МБИ10 и ОМБ
вторник, 18 јуни 2013