Известување од Тетовска банка АД Тетово
петок, 18 март 2005
Тетовска банка АД Тетово известува дека Дванаесеттата редовна седница на Собранието на Тетовска банка а.д.-Тетово ќе се одржи на 12.04.2005 година (Вторник) со почеток во 12.00 часот во просториите на Банката (голема сала на VII кат) на Ул.Маршал Тито број 14 Тетово, со следниот Дневен ред:
I. ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ
1. Отворање на Собранието;
2. Избор на претседавач на Собранието;
3. Избор на записничар и двајца оверувачи на записникот;
4. Избор на Верификациона комисија;
5. Избор на Кандидациона комисија;
II. РАБОТЕН ДЕЛ
1. Експозе на член на Работоводниот орган за работењето на Банката во 2004 и деловната политика за 2005 година;
2. Извештај на Верификационата комисија;
3. Утврдување на дневниот ред за работниот дел на седницата на Собранието;
4. Усвојување на Записникот од XI-то Собрание на Банката;
5. Донесување Одлука за изменување и дополнување на Статутот на Тетовска банка а.д.- Тетово;
6. Донесување Одлука за одобрување на Извештајот за работа на УО на Банката;
7. Донесување Одлука за усвојување на Извештајот на Одборот за ревизија;
8. Донесување Одлука за усвојување на Годишниот Извештај за работењето на Банката во 2004 година;
9. Донесување Одлука за усвојување на ревизорскиот Извештај на Deloitte & Touche
за 2004година;
10. Донесување Одлука за усвојување на Годишната сметка на Банката за 2004 година;
11. ДонесувањеОдлука за потврдување на Предлог - Одлуката на Управниот одбор за употреба и распоредување на остварената добивка на Тетовска банка а.д.-Тетово за 2004 година;
12. Донесување Одлука за потврдување листата на нето должници на Банката во 2004 година;
13. Донесување Одлука за потврдување на Деловната политика на Банката за 2005 година со Годишен план за 2005 година и плановите: План на кредитниот биланс; План на денарските и девизни позиции на кредитниот биланс; План на можниот обем на краткорочни кредити; План на приходи и расходи; План за потребните набавки на основни средства;
14. Донесување на Одлука за назначување на овластен ревизор;
15. Донесување Одлука за разрешување на членови на Управниот одбор на Тетовска банка а.д.- Тетово;
16. Донесување одлука Разрешување на членови на Одборот за ревизија;
17. Разгледување Извештај на Кандидационата комисија со Предлог;
18. Донесување Одлука за назначување на членови на Управниот одбор;
19. Донесување Одлука за именување на членови на Одборот за ревизија.
Воедно, Тетовска банка АД Тетово известува за следното:
Согласно Предлог - Одлуката за употреба и распоредување на нераспределената добивка до 31.12.2004 година донесена на седницата на Управниот одбор на Банката одржана на 11.03.2005 година, износот на дивиденда за 1 приоритетна акција изнесува 77,45 денари односно 2,58 % во однос на нивната номинална вредност, а предложениот износ на дивиденда за 1 обична акција изнесува 247,92 денари односно 8,26 % во однос на нивната номинална вредност.
Управниот одбор на Банката, го предлага следниов дивиденден календар:
- Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2004 година, е 21.04.2005 година;
- Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2004 година, е 25.04.2005 година;
- Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда за 2004 година, е 26.04.2005 година;
- Исплатата на дивиденда за 2004 година ќе започне на 11.05.2005 година.