На седницата одржана на 28.07.2016 година Одборот на директори на Македонската берза донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на котираното друштво ЕМО АД Охрид. Мерката се изрекува заради необјавување на неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-30.09.2015 година, неревидираните неконсолидирани финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2015 година и неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-31.03.2016 година, односно неисполнување на обврските согласно член 40 став став 2 и став 3 од Правилата за котација.
Имајќи ги предвид надлежностите на Одборот на директори за спроведување на актите на Берзата, како и постојаните обврски на котираните друштва за известување согласно Правилата за котација, Одборот на директори на Берзата одлучи да постапи согласно член 51 став 1, алинеја 2 од Правилата за котација на Берзата и на друштвото ЕМО АД Охрид да му изрече мерка јавна опомена преку интернет страницата на Берзата.
Јавна опомена за котираното друштво ЕМО АД Охрид
среда, 17 август 2016