Котација и проширување на котацијата на државни обврзници
понеделник, 17 мај 2021

Ве известуваме дека согласно Барањето од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од 18.05.2021 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики:

1)
Вид на хв: државни обврзници без девизна клаузула
Вредност на емисијата: 301.000.000,00 МКД
Број на издадени хв: 30.100
Номинална вредност на една обврзница: 10.000 МКД
Датум на издавање: 14.05.2021
Датум на достасување: 14.05.2026
Каматна стапка: 1,20%
Шифра на тргување: M140526
ИСИН: MKMINF20GW34

Се проширува котацијата на емисијата на државните обврзници со ИСИН број MKMINF20GW18 која првично беше котирана на 21.04.2021 година со издадени  95.770 обврзници во вредност од  957.700.000,00 МКД, после што емисијата на овие државни обврзници ги има следниве карактеристики: 

    Шифра на тргување: M150436
    ИСИН: MKMINF20GW18
    Број на новоиздадени хв: 114.130
    Вкупен број на изададени хв: 209.900